„Не сум среќен во Јувентус и тоа на сите им е јасно“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Емре Чан во летото во 2018. година пристигна во Јувентус како слободен играч од Ливерпул.

Чан не сакаше да ја продолжи соработката со клубот од Енфилд и одлучи дека кариерата ќе ја продолжи со тимот на Старата Дама. Овој 25-годишен везен има потпишано договор до летото на 2022. година, но како што стојат работите тој се наоѓа на излезната врата на клубот.

Во досегашниот дел од сезоната тој има одиграно само 150 минути во четири натпревари од Серија А. Маурицио Сари го отпиша Чан уште ова лето, но тој одлучи да остане и да се бори за место во тимот.

Но, планот не му оди како што очекуваше и не би било изненадување ако уште сега во јануари го промени клубот. Чан во интервју за германскиот Кикер призна дека не е среќен во редовите на италијанскиот шампион.

„Јас сум многу амбициозен човек и секогаш сакам да се натпреварувам на највисоко ниво. Во овој тежок период научив дека работите некогаш не одат баш така како што очекувате. Не сум бил стартер оваа сезона и нормално е да не сум среќен.  Сепак, нема да дозволам да ме демотивираат. Се трудам максимално на секој тренинг и ја чекам својата прилика. Да се вратам во Германија? Во фудбалот се е можно“, изјави Чан.