Азар со големи пофалби за Лампард: Тој еден ден ќе биде….


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар верува дека може да стане еден од најдобрите тренери во светот и истакна дека не е изненаден од неговиот старт во Челси.

Додека е на интернационална должност со Белгија, Азар беше запрашан дали ги следи настапите на Челси и дали е изненаден со учинокот  на Лампард, на што тој одговори:

„Не, не сум изненаден воопшто. Го знам Френк како играч, не како менаџер, но тој е одличен човек. Покажа по само четири месеци дека може да биде еден од најдобрите менаџери во светот. Добрата работа е што тие играат со млади играчи, млади англиски играчи. Тоа е добро за Англија, тоа е добро за Челси. Кога ги видов како играат видов дека играат убаво, заедно како целина. Се уште имам добри пријатели таму, ги следам од време на време. Во овој момент тие победуваат и јас сум многу среќен за тоа“ –изјави Азар.