Барселона одбила понуда од премиерлигашки клуб за Иван Ракитиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Барселона одбиле понуда за хрватскиот фудбалер од средниот ред, Иван Ракитиќ од неименуван англиски клб.

Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека англискиот клуб понудил сума од 13 милиони фунти, додека Барселона го проценила играчот на 30 милиони фунти.

Ерик Абидал истакна дека уште летоска му било кажано на Ракитиќ дека нема да биде сметано на него за оваа сезона, но дека тој одбил да си замине во летниот преоден рок.

Сепак, речиси извесно е дека Ракитиќ ќе си оди во јануари, а за него се заинтересирани Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед.