Од Борусија Дортмунд стартувале преговори со Јувентус за нивен фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челните лица на Борусија Дортмунд започнале преговори со Јувентус за фудбалерот од средниот ред, Емре Чан.

Се пишуваше дека Борусија е заинтересирана и за Марио Манџукиќ, но сепак „милионерите“ се откажале од намреата да го ангажираат хрватскиот фудбалер.

Емре Чан оваа сезона има започнато на само еден натпревар во дресот на Јувентус и беше изоставен од списокот на играчи повикани за Лигата на шампионите.

Речиси е сигурно дека тој ќе си замине од Торино во јануари, а освен Борусија Дортмунд можна негова дестинација е и Манчестер Јунајтед.