„Признавам, поради мене Ибрахимовиќ го напушти Милан“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ибрахимовиќ од наредниот месец ќе биде слободен играч, бидејќи му истекува договорот со ЛА Галакси, а судејќи според се повторно ќе го гледаме во Европа. Како што стојат работите Ибра ќе се врати во Серија А, а најголеми кандидати за негово доведување се Милан и Болоња.

Швеѓанецот со доста успеси го носеше дресот на Милан од 2010. до 2012. година кога замина во ПСЖ. По повод овие шпекулации се огласи и некогашнио дефанзивец на Милан, Тиаго Силва.

Тој призна дека поради него Ибра го напуштил Милан во летото 2012. година, кога одлучи да потпише за ПСЖ токму кога и Бразилецот отиде во клубот од Паркот на принцевите.

„Ибрахимовиќ ми се јави и ме праша дали навистина одам во ПСЖ. Реков дека да и дека штотуку го потпишав договорот. Потоа само јасно ми кажа: „Не се шегувам. Ако ти не одиш во ПСЖ, тогаш нема ниту јас да одам. Ако ме лажеш ќе дојдам и ќе ти се осветам“ Секако, за неколку дена заедно трениравме како играчи на ПСЖ“, изјави Силва.

Ибрахимовиќ за две сезони во Милан одигра 85 натпревар ии постигна 56 головии додаде 24 асистенции