Одложен мечот меѓу Ф. Острови и Македонија: Теренот изгледа како да е подготвен за хокеј


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што се најавуваше уште во текот на вчерашниот ден, младите репрезентации на Фарски Острови и Македонија нема да го одиграа мечот, кој беше закажан за попладнево, зашто се појави проблем на теренот, кој замрзна поради ниските температури.

Тоа значи дека Македонија ќе гостува кај Фарски Острови дури во јуни следната година во слободен термин, зашто претходно термините се пополнети, кога „црвено-жолтите“ играат со Израел.

Судиите и делегатите денеска потврдија дека нема услови за да се одигра мечот, по што се одложи средбата за следната година.