„Морено прв ни кажа дека Енрике ќе се врати, а сега се прави дека е луд…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Шпанија ги изненади сите со одлуката да му дадат отказ на Роберт Морено, откако ја победи Романија со 5-0.

Морено го презема селекторското место по заминувањето на Луис Енрике, кој мораше да се повлече поради болеста на неговата ќерка.

Енрике се врати на селекторското место на Шпанија и ќе ги води фудбалерите на следното Европско првенство, а тоа го потврди претседателот на сојузот, Луис Рубиалес.

„Можеме да потврдиме дека Луис Енрике повторно е селектор на Шпанија. На 19 јуни потпишавме договор со Морено, но ја оставивме отворена вратата за враќање на Енрике. Разговарав со Луис трипати. Во октомври Морено ми кажа дека Енрике сака да се врати, па така знаеше што се случува. Тој ја почна цела приказна, не знам што се прави сега луд“, порача Рубиалес.