Поранешниот агент на Скриниар го потврди интересот на Барса и Реал и посочи кој тим е поблиску до негов ангажман

Поранешниот агент на Милан Скриниар, Митхат Халис во интервју за шпанскиот весник „АС“ потврди дека за словачкиот фудбалер имало интерес од Реал Мадрид и Барселона пред две години.

Халис потврди дека интересот се уште е присутен и дека во моментов Реал Мадрид е поблиску до негов ангажман.

„Скриниар вреди 100 милиони евра. Реал Мадрид и Барселона се бореа за него пред две години. Во моментов Реал е поблиску да постигне договор со Интер затоа што го посакуваат играчот и им треба стопер повеќе отколку на Барселона“ –истакна Халис.