Мурињо доби поголема плата од Покетино, се знае и неговото прво засилување?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо утринава ја доби работата во Тотенхем и ќе зема повеќе од 15 милиони евра по сезона, односно двојно повеќе од Маурицио Покетино, а исто така Португалецот потпиша договор до 2023 година.

Навивачите на Тотенхем не се воодушевени со заминувањето на Покетино, но навивачите на Челси велат дека Мурињо е лицемерен, па го одбил нивниот ривал од Лондон пред 12 години и кажал дека никогаш нема да ги тренира.

Се претпоставува дека првата желба на зима е замена за Кристијан Ериксен и станува збор за Бруно Фернандеш, за кој Мурињо има високо мислење, па би можел лондонскиот тим да потроши дури 60 милиони евра за неговиот потпис.