„Олд Трафорд“ чека подготвен: Мурињо доаѓа по одмазда за 14 дена!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Жозе Мурињо го презема Тотенхем од Маурицио Покетино, кој вчера доби отказ, па „Специјалниот“ му се врати на фудбалот по 11 месеци пауза.

Мурињо во декември минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед, а 56-годишниот тренер ќе има шанса да му се одмазди на поранешниот клуб.

На четврти декември Тотенхем гостува на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед и тој меч сигурно ќе привлече големо внимание.

Пред натпреварот Мурињо има уште три предизвици. Најпрво во сабота против градскиот ривал Вест хем, а потоа игра два домашни меча, против Олимпијакос во Лигата на шампиони и против Бормут во Премиерлига.

Мечот против Челси ќе го игра на 22 декември на домашен терен, а на „Стемфорд Бриџ“ ќе гостува на 22 февруари.