Мејведер ја заврши кариерата: Боксот е брутален спорт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најголемите боксери на сите времиња Флојд Мејведер се одлучи и кажа – доста е.

Во својата 42. година Мејведер ја донесе конечната одлука во својата професионална кариера, исшарана со бројни успеси, да каже „тоа беше тоа“ од мене.

Последен пат во рингот Мејведер се најде во 2017. година кога во Лас Вегас го совлада Конор МекГрегор, а од тогаш се појавија шпекулации дека можно е повторно да се врати во рингот и да се бори против Мани Пакиао, но најверојатно тоа нема да се случи.

„Ми се јавија веќе неколку пати за да се вратам во рингот, но моето здравје е мое богатство. Боксот е многу брутален спорт“, изјави Мејведер, потсетувајќи се дека во последните неколку години многу од неговите колеги имаат починато внатре во рингот.

Мејведер својата кариера ја заврши со размер 50:0 и 12 освоени светски титули.