Мурињо потврди дали му се потребни засилувања во Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веднаш по преземањето на тренерската позиција во Тотенхем, медиумите го поврзаа Жозе Мурињо со ангажман на неколку негови сонародници од клубовите ширум Европа.

Вчера и денес се пишува дека Мурињо ќе тргне по Бруно Фернандеш и Рубен Дијас во јануарскиот преоден рок, но тој на прес конференцијата негираше дека ќе се случи такво нешто.

Кога беше запрашан дали ќе троши во јануарскиот преоден рок, Мурињо кратко одговори:

„Најдобриот подарок се играчите кои се овде. Не ми требаат нови играчи. Јас мора само да ги запознаам играчите кои се тука малку подобро. Ги знам нив добро, но никогаш не ги знаеш доволно добро додека не ги запознаеш“ –заклучи Мурињо.