Пол Погба го поздрави малиот Јане Велковски на социјалните мрежи (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот Јане Велковски кој вчера говореше на глобалниот самит на Обединетите Нации и имаше инспиративен говор денес доби поддршка од еден од најдобрите светски фудбалери, Пол Погба.

Јане и Погба се сретнаа минатата година кога Французинот го покани да гледа натпревар на Манчестер Јунајтед.

„Многу сум горд на тебе мој пријателе“ –напиша Пол Погба на социјалната мрежа Инстаграм и објави фотографија од малиот Јане Велковски кој боледува од спинална мускулна атрофија.

Претходно Јане во Њујорк се запозна и со легендарниот Дејвид Бекам кој беше присутен на самитот и држеше говор во чест на децата ширум светот.