Македонија на гостински терен ќе брка пласман на ЕП 2020


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето од Лигата на нации игра против Косово на домашен терен, а доколку победи во мечот, тогаш ги очекува гостување кај подобриот од мечот Грузија – Белорусија.

Денешната ждрепка во Нион покажа дека Македонија ќе гостува или во Тбилиси или Минска, зависи од тоа кој ќе победи во полуфиналниот меч, секако доколку и нашите репрезентативци го решат Косово на Националната Арена „Тодор Проески“ на 26 март.

Македонските фудбалери не добија шанса пред домашната публика да го обезбедат пласманот на големото натпреварување, па сигурно на гостувањето ќе им недостига големата поддршка од македонските навивачи.

Во секој случај, следи најпрво мечот со Косово, кој мора да се добие во Скопје.