Привремениот тренер на Баерн Минхен се огласи во јавноста со коментар за евентуалното доаѓање на Покетино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маурисио Покетино веднаш откако доби отказ се поврза со тренерската позиција на Баерн Минхен и ако се верува на медиумите во Германија тој е сериозен кандидат од стартот на 2020 година да седне на клупата на овој тим.

Свој коментар на оваа тема даде и актуелниот в.д тренер, Ханси Флик кој истакна дека тоа не го интересира во моментов.

„Не е моја работа да ги анализирам колегите. На крајот, клубот ги има сите опции за во иднина и тие ќе реагираат како што сакаат. Токму затоа тоа не ме интересира мене и не ме интересира кои имиња циркулираат во јавноста во овој момент. Нема да изразам загриженост затоа што не сум заинтересиран за шпекулациите. Јас ја работам оваа работа во моментов и ќе се обидам да бидам успешен со тимот“ –изјави Ханси Флик.