Борусија анулира три гола од полувремето и стигна до тешко реми со последнопласираниот Падерборн (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд повторно испушти бодови во Бундеслигата откако ремизираше (3:3) на натпреварот против Падерборн.

Иако важеа за големи фаворити, „милионерите“ не успеаја да дојдат до трите бода одигрувајќи едно катастрофално прво полувреме по кое губеа со 3:0.

Сепак, во вториот дел успеаја да се консолидираат и со два гола во финишот на средбата стигнаа до реми кое воопшто нема да ги задоволи.

Ова реми уште повеќе ќе го разниша тренерското столче на Лусиен Фавре на кого му се заканува отказ.

Головите од натпреварот може да ги погледнете на следниот ЛИНК