Што ќе им нов тренер: Ханси Флик го предводеше Баерн до нова убедлива победа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен забележа трета убедлива победа по ред откако кормилото на клубот го презеде Ханси Флик.

„Баварците“ славеа со убедливи 4:0 на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф, а творци на победата беа Павар, Толисо, Гнабри и Кутињо кои по еднаш ја погодија мрежата на противникот.

Со оваа победа Баерн се доближи на само еден бод до лидерот Борусија Мехенгладбах кој загуби на денешниот натпревар кај Унион Берлин.

Инаку Ханси Флик има одличен учинок по првите три натпревари на клупата на Баерн. „Баварците“ имаат три победи со гол разлика 10:0.