Шега или не? Ибрахимовиќ го објави името на новиот клуб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ со својата најнова објава на неговиот Инстаграм ги изненади своите обожаватели.

Во последните седмици медиумите од ден на ден шпекулираат околу наредната дестинација на Ибрахимовиќ. Со оглед на тоа што му истекува договорот со ЛА Галакси, многумина од клубовите се бореа за неговиот потпис, а на крајот најверојатно потписот ќе го добие – Хамарби.

Рано утринава Ибрахимовиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од дресот на шведскиот клуб на кој се наоѓа неговото презиме, но во описот наведе што претставува истиот, па и понатаму се останува во домен на шпекулација.

Швеѓаните пишуваат дека не би било изненадување Ибрахимовиќ да потпише за Хамарби, бидејќи наводно управата на клубот од Стокхолм во понеделникот биле на посете кај него во Лос Ангелес каде што очигледно, преговарале за условите.

На профилите на Хамарби на соијалните медиуми сеуште нема официјални информации околку евентуалното доаѓање на Ибрахимовиќ.

Хамарби не е клуб кој може да се пофали со голем број на трофеи, но последните години остварува многу добри резултати. Оваа сезона, пример, за еден бод им избега титулата за првак на Шведска.

View this post on Instagram

@hammarbyfotboll

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on