Шпанците открија кој ја освои „Златната топка“: Ние веќе му кажавме на победникот…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Следниот понеделник ќе биде познато името на новиот добитник на престижната награда „Златна топка“. На крајот на секоја година „Франс фудбал“ организира свечена церемонија, а како најголем фаворит се смета Вирџил ван Дајк.

Стоперот на Ливерпул зад себе има феноменална сезона, која ја круниса со освојување на Лигата на шампиони, но ако може да се верува на шпанските медиуми, наградата ќе замине на „Камп Ноу“, т.е. во рацете на Лионел Меси.

„Мундо Депортиво“ објави дека наградата ќе ја добие Меси, а тоа за него ќе биде шеста награда во колекцијата.

„Освојувачот на наградата доби информација дека е победник на состанокот. Сепак, свечено ќе му биде доделена во Париз следниот понеделник“, порача медиумот.