Федерер за шест дена и пет меча заработи сума од која – боли глава!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американските медиуми откриваат дека Роџер Федерер добил речиси 10 милиони долари за за само пет закажани меча во шест дена (Чиле, Аргентина, Колумбија, Мексико, Еквадор) против Александар Зверев.

На средбата во Мексико беше урнат рекордот во посетеност на еден тениски меч, откако се собраа 42.517 гледачи.

Претходниот рекорд го имаа Ким Клајстерс и Серена Вилијамс од 2010 година, кога во Брисел ги гледаа 35.681 гледач.

Зверев и Федерер исто така мораа да го откажат мечот во Колумбија поради нередите во земјата, но во Мексико ја поправија целосната слика.