Солскјер со ретко виден потег во светот на фудбалот: На гостувањето во Казахстан патува…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер повлече  еден ретко виден потег со кроењето на составот кој ќе патува на гостувањето во Казахстан кај Астана.

Имено, Норвежанецот се реши да патува со младите фудбалери на клубот на натпреварот кој нема да има големо резултатско значење за нив.

Против Астана се повикани само млади фудбалери, со исклучок на искусниот голман Ли Грант, Џеси Лингард и Лук Шо.

Сличен потег треба да повлече и Јирген Клоп кој во средината на месец декември за два дена ќе игра два натпревари, па едниот ќе мора да го одигра со играчи од младинскиот погон.

Составот кој патува во Казахстан:

Ли Грант, Матеј Ковар, Макс Тејлор, Лук Шо, Аксел Туанзебе, Дилан Левит, Теден Менги, Дишон Бернард, Ларџи Рамазани, Итна Лаирд, Итан Галбрајт, Арнау Пуиџмал, Дмани Бугаил Мелор, Џејмс Гарнер, Џеси Лингард, Тахит Чонг, Анхел Гомеш, Мејсон Гринвуд