Лука Дончиќ конечно запрен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Само два натпревари беа одиграни во НБА лигата во вторникот спрема средата, а победниците од таа вечер беа екипите на Клиперси и Нагетси.

ЛА Клиперси како гости, без поголеми проблеми ги совладаа Далас Маверикс со резултат од 114:99.

За разлика од другите екипи во оваа сезона, тимот од Лос Анџелес успеаа да го запрат Лука Дончиќ и тоа на крајот им донесе триумф.

И покрај напорите да го запрат Лука,  Словенецот имаше придонес од 22 поени, 8 скокови и 6 асистенции, но тој погоди само четири шутеви за тројка во игра од 14 обиди, а останатите осум обиди за тројка ги промаши.

Како што беше очекувано кај Клиперсите најефикасни беа Кол Леонард и Пол Џорџ. Леонард постигна 28 поени, а Пол 26 поени.

Денвер Нагетс исто така лесно ги победија Волшебниците од Вашингтон со резултат од 117:104.

Без многу мака, расположениот тим од Колорадо стигна до 13. победа во сезоната, а до триумфот ги предводеше Џереми Грант кој од клупата постигна 20 поени.

Никола Јокиќ имаше придонес од 8 поени, но имаше фантастични 20 скокови и 5 асистенции.

Кај тимот од главниот град на САД, најефикасен беше Џордан МекРае кој го заврши натпреварот со постигнати 21 поен.