Енрике на претставувањето му се „истури“ на Морено: Не ми требаат такви луѓе во тимот…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Енрике се врати на селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Шпанија, а поранешниот помошник Роберто Морено доби отказ.

Енрике по враќањето откри дека тоа навистина го направил затоа што смета дека Морено не му бил лојален.

„Одлуката да не биде во стручниот штаб е само моја. Не беше лојален. Јасно ми кажа дека ќе биде селектор на Шпанија, а дека потоа ќе се врати да ми биде помошник. Не сакам никој кој е како него. Не е добро да се биде преамбициозен“, порача Енрике.

Наместо Морено како прв помошник беше ангажиран Хесус Касас, кој ќе му помага на Енрике на Евро 2020.