„Вујо-мајсторе“ доби отказ од селекцијата на Словенија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Веселин Вујовиќ го напушти кормилото на ракометната репрезентација на Словенија. Тој четири години го водеше националниот тим, па имаше добри резултати, но Словенците сметаат дека е време за промена.

Вакво сценарио медиумите во Словенија најавуваа во претходните денови, а целата приказна ја потврди Сојузот на државата.

„Раководството на ракометниот сојуз на Словенија ја раскина соработката со Вујовиќ. Новиот селектор ќе биде избран до средината на декември“, порачаа од раководството.

Вујовиќ нема да ги води Словенците на Европското првенство, кое се одржува во јануари следната година, а како потенцијален наследник се споменува Хуан Карлос Пастор.