Тренерот на Клиперс за Дончиќ: Па, тој нема 20 години…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На словенскиот „вондеркид“ Лука Дончиќ му се поклони и тренерот на ЛА Клиперс – Док Риверс.

Дончиќ со игрите во дресот на Далас Маверикс ја воодушеви кошаркарската јавност и многумина веќе го споредуваат со најдобрите на светот. Чудата што го прави на паркетот не го остави рамнодушен ни тренерот на ЛА Клиперс.

И покрај тоа што ЛА Клиперс успеаа да ги запрат Лука Дончиќ и Маверикс славејќи со резултат од 114-99, Риверс по натпреварот не ги поштеди своите пофални зборови шалејќи се дека не е можно Словенецот да има само 20 години.

„Дончиќ не е млад, мислам дека има 40 години. Предобро игра за да може да биде толку млад колку што кажува“, изјави Риверс, пренесуваат американските медиуми.

Натпреварот против ЛА Клиперс Дончиќ го заврши со постигнати 22 поени и 8 скокови.