Пробуваат да го наговорат Ковач да се врати дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот стручњак судејќи по ситуацијата нема да остане уште долго без ангажман.

Кризните резултати и лошите игри направија Ковач да добие отказ после само една и пол година во Баерн, а на одморот на кој е моментално, најверојатно нема да остане уште долго.

За услугите на Ковач веќе се заинтересирани неколку клубови, а медиумите во Германија тврдат дека во овој момент поранешниот тренер на Баерн е најблиску до Херта каде што ја започна кариерата како фудбалер.

Многумина помислија дека Ковач е оттргнат од таа приказна бидејќи вчера како тренер е именуван Јирген Клинсман. Сепак, ремномираниот германски весник Кикер истакнува дека вистината е потполно различна, односно дека приоритет за водство на Херта е Ковач и дека прославениот фудбалер е само привремено решение до крајот на оваа сезона.

Ковач, како што се наведува, ја одбил првата понуда бидејќи не сака да ја превзема ова работа неколку седмици по отказот во Баерн, а управата на Херта ќе пробаат да го наговорат за да се врати кога ќе му истече мандатот на Клинсман.

Со името на Ковач во Берлин се запознаени сите. Таму е роден, а дресот на Херта имаше прилика да го носи на два наврати за време во неговата кариера (1992. – 1996. и 2003. – 2006.).