Дете кое собира топки го воодушеви Мурињо: Жозе ми го разубави денот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите потези во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони беше забележан во Лондон на мечот меѓу Тотенхем и Олимпијакос.

Младо момче кое собира топки во финишот на првото полувреме реагираше брзо и му ја додаде топката на фудбалерот на Тотенхем, а по неколку секунди следеше голема прослава поради голот за 1-2.

„Сакам интелигентни деца кои се задолжени за топката како што бев јас. Бев одличен во тоа, а ова момче е одлично. Ја разбира добро играта и направи важна асистенција. Не дојде само за да го гледа мечот, туку ја чита играта. Се обидов да го пронајдам и да му го повкам во соблекувалната за да прослави со нас, но не го пронајдов“, порача Мурињо.