Талентот на Манчестер Јунајтед, Чонг се посрамоти за сите пари (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг дефинитивно го има промашувањето на сезоната откако вечерва не успеа да реализира колосална шанса на средбата против Астана.

Манчестер Јунајтед на гостувањето во Казахстан отпатува со млад состав, а Чонг имаше голема шанса да погоди за 2:0 во 54. минута, меѓутоа не успеа да ја погоди празната мрежа на противничкиот гол.

За работите да бидат полоши за него, веќе во следната акција Астана стигна до израмнување на резултатот.