Младинците на Манчестер Јунјатед со пораз се враќаат од гостувањето во Казахстан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето во Казахстан кај Астана.

Младите фудбалери предводени од Оле Гунар Солскјер не успеаја да стигнат до позитивен резултат и беа поразени од Астана иако имаа водство од 1:0 на полувремето.

Голот за водство го постигна Џеси Лингард, додека погодоците за домашниот тим беа дело на Шомко кој погоди во 55. минута, и автоголот на Дишон Бернард кој си го совлада Ли Грант во 62. минута.

На останатите натпревари кои започнаа во исто време со натпреварот во Казахстан, Хетафе славеше на гостувањето кај Трабзонспор со 1:0, додека Красондар го доби Базел со идентичен резултат.