Партизан си направи од готово вересија и испадна од трката за пласман во следната фаза во ЛЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Партизан прокоцка огромна шанса во последното коло сам да си ја скрои судбината и да се пласира во елиминационата фаза од Лига Европа откако испушти предност од 2:0 во финишот од натпреварот против АЗ Алкмар.

Клубот од Белград дојде до стабилна предност од 2:0 на Такума Асано и Сејдуба Сума уште во првото полувреме и го контролираше резултатот до самиот финиш.

Работите изгледаа многу полесни за Партизан кога Боаду заработи црвен картн, па АЗ Алкмар мораше да игра со играч помалку.

Сепак, тоа не го спречи домашниот тим до крај да напаѓа, па да постигне два гола кои ги постигна Џуриф. Еден падна во 88. минута, а другиот во 92. минута.

Овие два гола беа злато вредни затоа што АЗ Алкмар се приклучи на Манчестер Јунајтед и е клуб кој ќе патува во елиминационата фаза од групата Л.