Продолжува катастрофалната серија на Арсенал, ќе „преживее“ ли Емери?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Арсенал имаше уште еден неуспешен настап откако пред своите гледачи беше поразена од Ајнтрахт Франкфурт со 2:1.

Ова е вкупно седми натпревар во низа како Арсенал не знае за победа и натпревар кој дополнително го стресе тренерското столче на Унаи Емери.

Арсенал водеше по првото полувреме со 1:0 со голот на Обамејанг во 45. минута, а „топчиите“ пропуштија уште неколку шанси.

Во второто полувреме видовме многу поинаква слика, па Ајнтрахт со двата гола на Камада направи вистински пресврт.

Ова не значи дека Арсенал е загрозен за пласман во следната фаза, меѓутоа загрижува фактот што е вкупно седми натпревар без победа во сите конкуренции и со сигурност Емери ќе биде под дополнителен притисок во следниот период.