“Јас сум плејмејкер, што ќе ми е 11-ка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска на Арсенал и репрезентацијата на Германија, Месут Озил во овие денови имаше една интересна изјава.

Имено, тој изрази желба да го промени бројот на грбот кој го носи во клубот. Како што тој вели ја разигрува екипата, и поради тоа не му одговара моменталната 11-ка на грбот.

„Јас сум плејмејкер на екипата, зарем не? А кој број такви играчи го носат? Па нормално 10. Па така, тоа е мојата желба“, рече во едно интервју членот на Топџиите, Месут Озил.

Неговата молба може да биде исполнета ако се земе во предвид дека Вилшер кој го носеше бројот 10, ги напушти Лондонците и замина во екипата на Бурнемут