Пјаниќ: Роналдо? Допуштете ми да ви објаснам…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Везниот на Јувентус – Миралем Пјаниќ разговараше за моменталната ситуација околу напаѓачот Кристијано Роналдо во интервју за торинскиот весник Corriere di Torino.

Во последните два натпревари на Јувентус, Маурицио Сари го исклучуваше Роналдо порано од игра, кој потоа одигра два натпревари за Португалија без оглед на тврдењата на Сари дека „не е доволно спремен“.

Поради повредата го пропушти натпреварот во Серијата А против Атланта, но се врати во дуелот во Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид.

Пјаниќ на новинарите му објасни што се случувало и поради што Роналдо не можеше да игра.

„Допуштете да ви објаснам. Роналдо посакува да постигнува погодоци на секој натпревар. Отсекогаш сакаше да биде херој. Дали е лут? Не знам, но има проблем со коленото за кој се надевам дека ќе биде саниран најбрзо што може. Тогаш ќе биде уште подобар“, рече Пјаниќ.

Имаше многу шпекулации околу наводните расправии помеѓу Роналдо и Сари, како и околу тоа дека Португалецот на крајот од сезоната сака да замине од Јувентус, но самиот Сари потврди дека нема ништо од тоа и дека има добар однос со Португалецот.

Но, вистина е дека на Роналдо не му дојде убаво бидејќи против Милан беше порано заменет, но Сари очигледно смета дека и еден од најдобрите фудбалери на светот понекогаш треба малку да одмори.