Маестро Дончиќ запиша нов рекорд против Феникс, Лејкерс подобар од Вашингтон

Кошаркарите на Далас маверикс синоќа славеа на гости кај Феникс санс со 120-113, а уште еден одличен меч одигра Лука Дончиќ.

Далас во возбудлив меч успеа да победи со одлична игра во финишот, па тоа беше нивна 12. победа сезонава, додека Феникс го запиша осмиот пораз.

Уште еден неверојатен меч одигра Дончиќ, кој постигна неверојатни 42 поени, 11 асистенции и девет скокови, додека веднаш зад него беше Тим Хардавеј со 26 поени.

Одличната серија ја продолжи и Лос Анџелес лејкерс, кој славеше со 1215-103 против Вашингтон визардс, а до нов триумф ги предводеше Ентони Дејвис со 26 поени и 13 скокови, додека Леброн Џејмс постигна 23 поени и 11 асистенции.

Лос Анџелес клиперс ноќеска беше поразен на гостувањето кај Сан Антонио спарс со 107-97, па тие сега имаат 14 победи и шест порази.