Дончиќ добива договор од соништата: Словенецот е магнет за спонзори!

Лука Дончиќ сезонава е главна тема во НБА-лигата, зашто игра неверојатно во дресот на Далас маверикс. Словенецот без конкуренција е најдобар кошаркар на својата екипа, а игра на врвно ниво, иако има само 20 години.

Американците веруваат дека Дончиќ е ноа НБА-ѕвезда, па во иднина од него се очекуваат многу успеси. Словенецот стана магнет и за спонзори, а наскоро би требало да добие нов договор за брендот на патиките.

Рекордот го има Вилијамсон, кој доби над 100 милиони долари, а секако тука е и Леброн Џејмс, кој тешко дека некој ќе го надмине, но Дончиќ би можел да биде во самиот врв, зашто речиси сигурно ќе потпише договор вреден повеќе од 100 милиони долари.