Познато во која група ќе играме ако се пласираме на Европското првенство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија е пред историски успех и пласман на Европското првенство.

До настап на континенталниот собир не делат два натпревари, најважни во нашата репрезентативна историја.

Првиот е против Косово кој се игра во Скопјеи на кој мора да славиме победа за да се пласираме во финалето од баражот каде би се сретнале со подобриот од пресметката помеѓу Белорусија и Грузија.

Победа и против една од овие репрезентации ќе не однесе на Европското првенство каде  би играле во групата Ц со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина.

Групата Ф е група на смртта и во неа се Германија, Франција, Португалија и некоја од репрезентациите на Бугарија, Унгарија, Романија и Исланд.