Тројца Вардарци го најдоа своето место меѓу најдобрите во СЕХА (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар имаше успешен месец во СЕХА-лигата и запиша две победи, а поради тоа тројца ракометари на европскиот шампион беа избрани во најдобриот тим за месец ноември.

„Црвено-црните“ славеа против Мотор Запорожје со 44-37 и против Војводина со 26-23, па Сташ Скубе, Домен Сикошек Белко и Иван Чупиќ беа избрани во тимот на месецо.

Тим за месец ноември:

Голман: Тодор Јандриќ
Лево крило: Милош Грозданиќ
Лев бек: Борут Мацковшек
Среден бек: Сташ Скубе
Десен бек: Микита Вајлупау
Десно крило: Иван Чупиќ
Кружен напаѓач: Домен Сикошек Пелко

Најдобар тренер за ноември беше Веселин Вуковиќ, кој ја предводи екипата на Металопластика.