Хамилтон во Абу Даби го изедначи рекордот на Сена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон со победа на стазата Јас Ајланд во Абу Даби ја запечати сезоната во која ја освои шестата титула светски шампион.

На одличниот Британец вчерашната трка му беше 250. во кариерата, а по 50. пат стигна до триумф откако почнува од првата позиција.

Хамилтон водеше од првиот до последниот круг по 19. пат со што го изедначи рекордот на легендарниот Сена.

Со оглед на тоа дека ја освои пол-позицијата, го извози најбрзиот круг и со победата стигна до шестиот Гранд Слем и сега има само два помалку од Џим Кларк.

Вчера по 33. пат по ред стигна до 11. триумфи во сезоната, баш како и во 2014. и 2018. година.

Вчерашната победа на Хамилтон беше негова 84. во неговата кариера.