Победа на Барселона на тешкото гостување кај ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона остварија победа во рамките на десеттото коло во ракометната Лига на Шампиони и тоа против ПСЖ, а резултатот беше 35:32.

Барса беше лидер пред овој натпревар, а знаеа дека гостувањето кај ПСЖ ќе биде многу тешко.

Сепак, на крајот успеаа да дојдат до победа и покрај тоа што не изгледаше така бидејќи домашната екипа беше многу подобра за време на првото полувреме.

Ракометарите на ПСЖ одиграа многу добро, па го наметнаа својот ритам на игра, а на пауза заминаа со водство од 17:16.

Натпреварот имаше многу неизвесен крај, а најдобро се снајдоа играчите на Барселона кои на крај остварија голема победа.

Најдобри во екипата на ПСЖ беа Сагосен со осум, Карабатиќ и Хансен со по шест постигнати погодоци.

Во тимот на Барселона најдобри беа Палмарсон и Циндриќ со по шест постигнати погодоци.