Дончиќ е голем човек: Собра два милиони долари за лекување на дете од Словенија!

Лука Дончиќ синоќа успеа да го урне незапирливиот Лос Анџелес Лејкерс, откако постигна 27 поени, 10 скокови и девет асистнеции, но надвор од паркетот направи уште поголем потег.

Словенечкиот кошаркар пред мечот се најде во центар на внимание, откако се сретна со 22-месечното дете од Словенија, Крис, кое боледува од ретка болест на мускулите.

За жал, болеста е генетска и се открива во шестиот месец од животот и се манифестира со тоа што бебињата имаат мускулни слабости, како што се пробелми со дишење и голтање.

Дончиќ решил да собере 2,1 милион долари за терапијата на момчето во САД, а тоа е навистина огромна сума. Освен кошаркарот, пари донирале и останати спортисти, музичари и други луѓе од Словенија.

„За мене многу е поважно тоа што го направи, отколку што игра кошарка. Затоа што со тоа покажа дека е голем и добар човек“, порача мајката на Дончиќ.