Рондо „заљубено“ гледаше како Дончиќ го уништува Лејкерс (ВИДЕО)

Далас Маверикс синоќа славеа во „Стејплс центарот“ против Лос Анџелес Лејкерс со 114-100, а на мечот доминираше Лука Дончиќ, кој постигна 27 поени, десет асистенции и девет скокови.

Дончиќ беше во центар на внимание и по мечот поради интересно видео кое се појави на социјалните мрежи, а камерите го снимија моментот кога Рондо „заљубно“ гледаше во Словенецот, кој во тој момент беше покрај клупата на Лејкерс.

Дончиќ сезонава е главна тема во Америка, а очигледно ниту противничките кошаркари не можат да му одолеат и да му се спротистават зашто младиот кошаркар игра навистина феноменално и му се предвидува голема иднина.