Покетино излезе со коментар во јавноста за неговиот следен ангажман: Отворен сум…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маурисио Покетино истакна дека е отворен за брзо враќање во тренерските води и покрај тоа што пред десетина дена доби отказ од Тотенхем.

Името на Аргентинецот се поврзува со Манчестер Јунајтед каде сериозно е доведена во прашање тренерската позиција на Оле Гунар Солскјер.

„Има многу клубови и атрактивни проекти каде можам да продолжам. Во моментов најважно е да ја избистрам главата по преубавите пет и пол години во Тотенхем. Моја цел е да си ја врата мотивацијата назад. Моја цел е да ги менаџирам најдобрите клубови во Европа“ –истакна Покетино.