Младите македонски фудбалери ги дознаа противниците за следните квалификации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските селекции до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации во 2020 година.

Репрезентацијата до 19 години ќе се бори за пласман на Европското првенство во 2021 година, а се наоѓа во група со Чешка, Данска и Албанија. А доколку ги поминат квалификациите, тогаш ќе играат на натпреварувањето во Романија.

Фудбалерите до 17 години добија малку потешка група, зашто ќе треба да се пресмета со Полска, Германија и Малта, па ќе се обидат да обезбедат пласман на Евро 2021 кое ќе се игра во Кипар.

Тоа значи дека поголеми шанси за пласман на големо натпреварување има постарата селекција на Македонија, но секако не треба да се отпишат ни помладите момци, кои сигурно ќе дадат максимум.

Фото: ФФМ