Мурињо пред гостувањето на „Олд Трафорд“: За мене Јунајтед е – завршена приказна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо се враќа утревечер на „Олд Трафорд“, но како тренер на Тотенхем и ќе се пресмета со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Двете екипи ќе играат во дербито од 15. коло во Премиерлигата, а пред таа средба Мурињо зборуваше на прес-конференција.

„Сакам големи натпревари, сакам да играм против најдобрите тимови и тоа е најважно. Враќањето на ‘Олд Трафорд’ е враќање на место каде што бев среќен. Имам одличен однос со навивачите. Во среда се враќам како тренер кој се обидува да го победи Јунајтед. Исто така, тоа е завршена приказна за мене. Заминав од клубот и ми требаше време да разберам што се случи“, вели Мурињо.