Што мисли легендарниот Дирк Новицки за Лука Дончиќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот словенечки кошаркар Лука Дончиќ од натпревар во натпревар игра многу добро, а со неговите настапи е импресиониран и Дирк Новицки.

Легендата на Далас Маверикс и најдобар европски кошаркар, кој играл во НБА-лигата, Новицки не остана рамнодушен на одличните игри на Словенецот.

„Морам да бидам искрен, мислев дека ќе има тешка транзиција во втората сезона. Само што минатата беше одличен со трипл-дбал, мислев дека луѓето ќе го критикуваат. Меѓутоа, тој стана подобар. Очигледно не бев во право, дури и експертите знаат да згрешат“, кажа Новицки.

Во шега потоа Германецот го прашаа дали ќе се врати на кошарката.

„Би сакал, но моето стапало не е најдобро. Моето здравје не е ниту блиску до потребното ниво за да се натпреварувам“, кажа Германецот.