„Билд“ открива: Баерн избра тренер за следната сезона, Флик ќе му биде асистент (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен избра тренер за следната сезона, барем така тврди „Билд“. Баварците бараат решение на тренерската позиција, откако пред неколку недели отказ доби Нико Ковач по ангажманот кој траеше речиси 18 месеци.

Како привремено решение беше поставен Ханс-Диеттер Флик, кој ќе ги предводи Баварците до крајот на сезаоната, а на лето ќе бараат нов тренер.

Според германските медиуми, Баерн веќе донел одлука за нов тренер, а планот е од следната сезона стратег да биде Томас Тухел.

„Билд“ пишува дека 46-годишниот тренер ќе добие помош од Флик, кој ќе остане во клубот како асистент.

Тухел, кој во моментов е тренер на ПСЖ, го „победи“ Маурицио Покетино со оглед на тоа дека Аргентинецот сакал со себе да земе неколку свои помошници и да го промени стручниот штаб.