Меси славеше освојување на „Златна топка“ со двајца соиграчи од Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот Лионел меси во понеделникот ја освои рекордната шеста „Златна топка“. Меси беше награден за добрите настапи годинава, па заслужено ја доби наградата.

Капитенот на Барселона зад себе ги остави Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо и сега е осамен на првото место со рекордни шест такви награди.

Аргентинецот синоќа имал мала забава по освојувањето на „Златната топка“ и организираше вечера, но „Мундо Депортиво“ објави дека на неа се појавиле само двајца соиграчи од Барселона.

Тоа биле Луис Суарез и Серхио Бускетс, а вечерата била организирана во јапонски ресторан, чиј сопственик е Роберт Де Ниро. Уште не е познато зошто Меси не организирал вечера за сите соиграчи.