Нови вести од Италија: Потврдено дека Алегри вечерал со Де Лаурентис, негова цел е…

Поранешниот тренер и голем пријател на Масимилијано Алегри, Џовани Галоне ја коментираше иднината на екс стратегот на Јувентус.

Алегри се поврзува со неколку тимови меѓу кои и Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Арсенал и Наполи, а Галоне сега во интервју за радио „Кис Кис“ реши да даде одговор за тоа каде би можел да продолжи неговиот пријате.

„Вската помеѓу Алегри и Де Лаурентис? Бевме во Милано во познат ресторан, а на вечерата тука беше Де Лаурентис со Алегри. Како и да е мислам дека намерата на Алегри е да тренира клуб од  странство. Идејата да го замени Анечлоти не постои“ –изјави Галоне.