„Во Барселона ми рекоа да не го учам шпанскиот, туку каталонскиот јазик, а одговорот не им се допадна“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер Емануел Петит призна дека најголемата грешка во својата кариера ја направил баш тогаш кога потпишал за Барселона во летото во 2000. година.

Каталонскиот клуб за 15 милиони евра тогаш го купи Петит од Арсенал и овој везен беше големо засилување во Барселона. Меѓутоа, Петит во дресот на Барселона одигра само една сезона, а потоа замина во Челзи.

Овој Французин тогаш за Барселона во Ла Лига одигра 23 натпревари и постигна еден погодок, но од него се очекуваше повеќе. Но, 19 години подоцна, Петит призна дека трансферот во Барса била неговата најголема грешка во неговата кариера.

Петит бил во шок уште првиот ден кога стигнал во Барселона бидејќи не можел да верува што се бара од него.

„Стигнав во многу лош момент. Имаше војна во соблекувалната помеѓу шпанските и холандските фудбалери. Национализмот беше многу блиску до расизмот. Кога пристигнав ми рекоа да не се трудам да учам шпански, туку веднаш да започнам да го учам каталонскиот јазик. Го одбив тоа и им реков дека сум во Шпанија, а тие ме исправија и рекоа дека тоа е Каталонија.“, рече Петит и додаде:

„Неможев да ги прифатам тие работи што се случуваа. Едноставно не знаев дека ситуацијата во Барселона е таква. Денес е многу подобро што се однесува до клубот, но тогаш беше ужас. Заминувањето од Арсенал во Барселона за мене беше најголемата грешка во мојата кариера.“