Ибрахимовиќ: Единствен вистински Роналдо е бразилскиот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ имапе големо интервју за магазинот „GQ“ во кое помеѓу останатото најави и враќање во Серија А, но и испрати мала провокација во Роналдо.

„Во фудбалот не важно само во која екипа играте мора да се поклопат мног уработи, дури и барањата на моето семејство. Наскоро се гледаме во Италија“, изјави Ибрахимовиќ, па потоа зборуваше за можната средба со Роналдо.

„Вистинскиот Роналдо е само оној бразилскиот“.

Не е ова прв пат Ибрахимовиќ јавно да го критикува Роналдо. Откако Модриќ минатата година ја освои Златната топка, Ибрахимовиќ изјави дека Роналдо Златните топки претходно ги освојувал само поради Флорентино Перез.

„Тој не е природен талент, туку плод на напорна работа. За него предизвик бил трансферот во Јувентус? Глупости, отиде во клуб кој освои седум титули во низа во Италија и тоа не е никаков предизвик. Предизвик да се отиде во Јуве беше кога клубот беше во втора лига“, изјави Ибрахимовиќ кога Роналдо потпиша со клубот од Торино.

Очекувањата се Ибрахимовиќ во јануарскиот преоден рок да се пресели во Милан.